Откриени бизарни остатоци од експерименти со Евреи

Остатоците од телата на 86 Евреи кои нацистите ги користеле за експерименти се пронајдени во лабораторија во источна Франција. Евреите биле убиени во германските концентрациони логори за време на Втората светска војна пред нивните тела да бидат однесени во медицински институт во Стразбур.

Досега се веруваше дека телата и остатоците биле погребани во 1946-та, но последните податоци покажуваат дека истите повеќе од 70 години поминале во лабораторија.

Грозната колекција на тела и остатоци е дело на командантот и претседател на Рајх универзитетот во градот, Август Хирт. Помеѓу нештата може да се најдат тегла со остатоци од кожа, изгорени делови од тело како и епрувети со остатоци од желудник и црева.

Повеќето од остатоците биле пронајдени во контејнери со алкохол при ослободувањето на Стразбур во 1944-та, но наместо да бидат закопани завршиле кај Камил Симонин, професор по форензика кој го истражувал Хирт. Задачата на Симонин била да направи аутопсија со цел да се откријат околностите под кои настанала смртта кај жртвите. Сепак, останува нејасно зошто потоа остатоците од телата не биле соодветно погребани.

-Ова откритие покренува сериозни прашања околу тоа кој знаел за овие остатоци и зошто не се појавиле порано. Очекуваме брза и целосна истрага, по што остатоците ќе може да бидат погребани на достоен начин и според еврејските закони, велат од британската заедница на Евреи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...