Камбоџа побара САД да не се мешаат во судството на државата

Пном Пен, 26 јули 2015 (МИА) – Камбоџа денеска официјално побара Соединетите Американски Држави да не се мешаат во внатрешните работи на државата, особено не во работата и одлуките на судовите кои, како што се нагласува, се независен дел во политичко-правниот систем на Камбоџа.

Официјалниот протест на Владата на Камбоџа доаѓа откако вчера американската амбасада во Пном Пен изрази загриженост поради пресудите на 11 активисти на опозицијата. Тие во четвртокот беа прогласени за виновни за организирање на протестите на опозицијата пред една година, при што беа повредени најмалку 39 припадници на силите за обезбедување.

- Секој обид да и се нареди на Владата да се меша во судските работи е апсолутно неприфатлив и е против принципите на владеење на правото, се вели во изјавата на камбоџанската Влада во која се додава дека САД треба „веднаш да престанат со обидите за насилство врз камбоџанскиот правен систем“.

Американската амбасада во Пном Пен вчера побара „камбоџанската Влада внимателно да го преиспита“ судскиот процес и да провери дали тој бил комплетен и транспарентен, како и тоа дали бил согласно домашното и меѓународното право.

Според првите реакции на камбоџанските медиуми, Американците се незадоволни и поради тоа што меѓу осудените е и Мич Совамара, активист на опозициската Партија за национален спас, кој има и американско државјанство.

Поради насилните антивладини демонстрации во јули 2014 година, судот на 11 организатори и учесници им одреди казни од седум до 20 години затвор. Овој настан судот го прогласи за бунт. По овие настани, опозицијата која последните избори ги прогласи за нерегуларни, по едногодишен бојкот се врати во камбоџанскиот Парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...