Израелската полиција навлезе во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим

Ерусалим, 26 јули 2015 (МИА) - Израелската полиција денеска навлезе во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим, во обид да ги растури насилните протести на млади Палестинци.

Палестинците се забарикадирале во џамијата, фрлајќи камења врз полицајците.

Полицијата во Ерусалим соопшти дека во денешните судири има повредено повеќе полицајци, но засега нема инфрмации за состојбата меѓу насилно расположените млади Палестинци.

Полицијата само потврди дека досега се уапсени шестмина Палестинци.

Според израелските медиуми, станува збор за смислена провокација на Палестинците кои со насилните протести настојуваат да спречат голем број Евреи, кои како гости престојуваат во градот, да го посетат и да се молат на Ѕидот за плачење, што се наоѓа на западниот дел од комплексот во кој е и џамијата Ал Акса.

Оваа џамија во муслиманскиот свет се смета за едно од најсветите места.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...