Башар ал Асад признава дека сириската армија е „исцрпена“ од војната

Дамаск,27 јули 2015 (МИА) - Сирискиот претседател Башар ал Асад  изјави дека армијата е исцрпена од војната, како и дека армиските сили биле принудени да препуштат некои делови  од земјата, за да се зачуваат други.

Ова е прв пат во досегашнот тек на војната во Сирија, која навлезе во петата година, претседателот Асад да признае дека армиските сили се  „преоптоварени и исцедени„ од војувањето.

Во говор во Дамаск, сирискиот претседател откри дека армијата која му остана лојална, се соочува со недостиг од војници.

Западни експерти сметаат дека ваквата состојба е последица  на полемиот број загинати, на дезертерствата и на раширеното одбегнување за пријавување во армиските сили.

Признанието на Асад за состојбата во која се наоѓа некогаш моќната армија на Сирија, која имаше 300 илјади луѓе под оружје, доаѓа само еден ден по прогласената амнестија за сите кои досега дезертирале од воените сили, или одбегнале да се пријават за војска.

Според сирискиот претседател, армијата нема доволен број војници за да се бранат сите делови од земјата, посебно, како што рече,  откако вооружените опозициски бунтовници почнаа да добиваат помош во пари и оружје од странство, а пред се, од Саудиска Арабија, Турција и Катар.

Војската лојална на Асад сега ги брани само клучните области во земјата и главниот град Дамаск.

Годинава армијата мораше да им ги препушти на своите бројни противници, северозападната провинција и градот Идлиб, делови од југот на земјата, како и североистокот на Сирија, кои се под контрола на џихадистите од групата Исламска држава.

Опозицијата која делува од странство, проценува дека армијата и разните милиции кои војуваа на нејзина страна, имаат околу 80 илјади загинати.Западните извори тврдат дека досега во сириската војна имало 300 илјади загинати и неколку милиони раселени лица.

Претседателот Асад , сепак,  рече дека  „пораз и крах се зборови кои  не постојат во речникот на сириската армија„ како и  дека таа и покрај тешкотиите со кои се соочува, ќе победи во оваа војна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...