Производителите на безалкохолни пијалоци ги тужат властите во Сан Франциско

Сан Франциско, 27 јули 2015 (МИА) - Здружението на американските производители на пијалоци поднесе тужба против градските власти на Сан Франциско, тврдејќи дека е неуставна новата градска мерка, со која се бара ставање ознаки со здравствено предупредување на безалкохолните пијалоци и се забранува рекламирање на овие напитоци на градскиот имот.

Во тужбата се наведува дека градот „се обидува да ја спречи слободната размена на идеи на оваа тема, туку да има само едностран јавен дијалог наметнат од власта, што е спротивно на Првиот амандман од Уставот на САД, со кој се гарантира слобода на говорот“.

Градскиот Надзорен одбор минатиот месец едногласно ја одобри одредбата со која се бара ставање здравствено предупредување на огласите за засладени напитоци. Се бара предупредувањето да се стави покрај рекламата на билбордите, автобуските и другите постројки, плакатите и стадионите.

Ознаката би требало да гласи: „ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пиењето напитоци со дополнителен шеќер придонесува за дебелеење, дијабетес и проблеми со забите“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...