Најмалку 20 мртви во оружена пресметка на свадба во Авганистан

Кабул, 27 јули 2015 (МИА) - Најмалку 20 лица се убиени, а десетмина се повредени во оружената пресметка што избувна за време на свадба, во Авганистан.

Крвавиот инцидент се случил во авганистанската провинција Баглан, на север од главниот град Кабул.

 
Во соопштението на полицијата се вели дека најголемиот број од жртвите се гости на свадбата, сите на возраст меѓу 14 и 60 години. Властите стравуваат дека бројот на убиените на крајот ќе биде многу поголем.
 
Авганистанските безбедносни сили покренаа своја истрага за целиот случај, но локалните власти објаснуваат дека овојпат не станува збор за напад од бунтовниците.
 
Пресметката   избувнала откако бил застрелан роднина на еден од полициските функционери во провинцијата Баглан.
 
Повеќе од 400 гости биле собрани на венчавката на синот на  угледен локален мула. Меѓу гостите биле и две групи кои долго време биле во меѓусебна караница.
 
Провинцијата Баглан со години на ред е цел на  насилствата на авганистанските талибанци, но во неа често избувнуваат оружени пресметки кои се претвораат во краткотрајни војни, поврзани со локалните феуди и поради ривалитетот на разни криминални банди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...