Мексиканската полиција открила 60 масовни гробници

Мексико Сити,27 јули 2015 (МИА) - Полицијата во мексиканската сојузна држава Гуереро, открила 60 масовни гробнци, трагајќи по 43 студенти, кои се водат како исчезнати од септември минатата година.

Мексиканските медиуми кои го пренесуваат ова полициско откритие , добиена од властите, врз основа на законот за слободен пристап до службените информации, пишуваат дека се пронајдени 129 трупови, но дека ниту еден не е поврзан со исчезнатите студенти.Ж
 
Големо мнозинство од најдените мртви тела им припаѓаат на мажи, но меѓу нив се пронајдени и трупови на 20 убиени жени.

Полицијата верува дека бројот на масовните гробници во оваа јужна мексиканска сојузна држава, во периодот меѓу октомври во минатата и мај во оваа година, би можел да биде многу поголем.

Студентите по кои се трага беа од Колеџот за учители  во Гуереро. Пред десет месеци, 43 од нив отпатувале со автобиси во градот Игуала, за да учествуваат на еден протест.

Но веднаш по пристигнувањето, биле уапсени од локалната полиција, а подоцна предадени на една нарко банда, која сите ги ликвидирала.
Тројца припадници на бандата, уапсени минатата есен, признаа на сослушувањето дека сите студенти биле убиени, потоа запалени, а останките од нивните мртви тела биле расфрлани во реките во регионот.

Бандитите признаа дека студентите им биле предадени од полицијата во Игуала, но ооткрија дека притоа настанала тешка грешка, затоа што стидентите биле погрешно идентификувани како припадници на една друга, ривалска криминална банда.

Верзијата на тројцата бандити, меѓутоа, се уште не може официјално да се потврди, затоа што не е најдено ниту едно од телата на студентите.

Нивнитот случај предизвика бројни протести во оваа сојузна држава, но и низ Мексико, на кои демонстрантите го изразуваа својот гнев поради соработката на властите и на полицијата со криминалните банди.

Властуте во меѓувреме ги уапсија градоначалникот на Игуала, осомничен дека знаел за извршената размена. Шефот на локалната полиција кој им ги предал студентите на криминалците, се наоѓа во бегство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...