Могерини: Иран и ЕУ се договорија да почнат разговори на високо ниво за серија прашања

Техеран, 28 јули 2015 (МИА) - Иран и Европската унија денеска се договорија да почнат разговори за серија прашања, објави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, цитирана од ТАСС.

Разговорите ќе се водат на високо ниво и ќе ги опфатат соработката во областа на енергетиката, борбата со тероризмот и шверцот на наркотици, регионални прашања, права на човекот, прецизира иранскиот шеф на дипломатијата Мохамад Џавад Зариф по денешната средба со Могерини во Техеран.

Првиот европски дипломат подвлече дека постигнатата спогодба меѓу Исламската република и „шесторката“ за иранската нуклеарна програма го отвора патот за поголема соработка меѓу Иран и светот.

Реализацијата на договорот ќе зависи од политичката волја на сите страни, учеснички во неговото договарање, подвлече Могерини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...