Мексико Сити, 30 јули 2015 (МИА) - Осум луѓе, членови на исто семејство биле киднапирани во северниот дел од Мексико од маскирани напаѓачи кои подоцна им ги отсекле главите, соопшти полицијата.
Деветтиот член на семејството успеал да побегне и ја известил полицијата.
Инцидентот се случил во државата Чивава, а телата на убиените се пронајдени на локален пат. Убиството се случило во област каде нарко картели одгледуваат марихуана.