Властите ги идентификуваат најдените авионски остатоци на Реунион

Париз, 30 јули 2015 (МИА) - Припадници на француската жандармерија и на службата за воздушен транспорт започна со идентификација на делот од авионското крило, што беше откриен вчера на брегот на градот Сан Андре на островот Реунион во Индискиот Океан. 



Како што јави дописникот на МИА од Париз, тие ги измериле димензиите на авионскиот дел, како и школките кои се залепиле за него и ја проценуваат неговата истрошеноста. Првата констатација е дека авионскиот дел престојувал подолго време во вода.

Авионскиот дел е долг околу два метри и биле потребни 5 лица за да го пренесат. Анализите продолжуваат и натаму, со оглед дека секој авионски дел е со референца и може да се пронајде на кој авион му припаѓа.

Малезија најави испраќање на свои експерти на францускиот остров за да ги анализира остатотици, но повика и на внимателност имајќи предвид дека по исчезнувањето на авионот „Боинг 777“ на „Малезија Ерлајнс“, кој леташе на линијата Куала Лумпур-Пекинг, на 8 март 2014, се појавија повеќе хипотези.



Малезиските и австралиските власти се сомневаа дека авионот се урнал во јужниот дел на Индискиот Океан, недалеку од градот Перт. Сега се поставува прашањето дали делови од авионот можеле да „допловат“ носени од морските струи до Реунион, кој се наоѓа на спротивниот крај од Индискиот Океан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...