Авиоделовите најдени на Реунион веројатно се од исчезнатиот „Боинг“

Сиднеј, 31 јули 2015 (МИА) - Директорот на австралиското Биро за безбедност во авионскиот сообраќај, Мартин Долан за Би-Би-Си изјави дека е „многу веројатно“ оти авионски остатоци што се појавија францускиот остров Реунион во Индискиот Океан, му припаѓаат на исчезнатиот малезиски „Боинг 777“.



- Деловите сега се испитуваат, но најверојатно станува збор за малезискиот авион, затоа што нема регистрано друг случај на исчезнување на „Боинг“ од овој тип, изјави Долан, кој раководеше со австралискиот тим на експерти што трагаа по леталото.

„Боингот 777“ на компанијата „Малезија Ерлајнс“ на почетокот на март минатата година исчезна набргу по полетувањето, заедно со 239 патници и членови на екипажот. Авионот леташе на својата редовна линија од Куала Лумпур за Пекинг.



Малезиските власти сметаа дека, според сигналите на авионот регистрирани од сателит, леталото најверојатоно се урнало во јужниот дел на Индискиот Океан. Потрагата по леталото продолжи сите овие 18 месеци, но во јануари годинава Владата во Куала Лумпур сите патници во исчезнатиот авион ги прогласи за починати.

Во средата делови од авионско крило беа откриени во реонот на западниот Индиски Океан, 4.000 километри подалеку од областа каде што се претпоставуваше дека се урнал авионот.



Француските власти најдените делови ги префрлија на детално испитување во Тулуз во Франција, со цел да се утврди дали тие се од „Боингот“ на „Малезија Ерлајнс“.

Австралиските медиуми откриваат дека вчера „испливале“ и други авионски остатоци, како и еден куфер, а експерти на компанијата „Боинг“ отпатуваат за Европа за да се приклучат на истрагата.

Појавувањето на деловите толку далеку од оновата траса по која авионот требало да лета од главниот малезиски град кон Пекинг, одново ги покрена прашањата за причините за падот на леталото. Дел од меѓународни експерти стравуваат оти можеби не станува збор за навигациска грешка или за технички проблеми со авионот, туку дека пилотите намерно го урнале авионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...