Во Тајланд повторно се размислува за одложување на изборите

Бангкок, 4 АВГУСТ 2015 ( МИА ) – Највисоките соработници на премиерот Прајут Кан-ока од вчера и денеска ја бомбардираат тајландската јавност со изјави според кои воената хунта сака да ја предаде власта на цивилна влада на избори што се планираат за идната година, но од армиските кругови задолжени за изготвување на нов Устав денеска стигна соопштение според кое Националниот Совет за реформи не е сигурен дека на време ќе биде изготвен нацртот на наовиот Устав и дека тој прво ќе треба да оди на референдум. Тоа бизначело ново одложување на општите избори, порано најавувани за есента оваа, а покасно за септември 2.016 година.

Заменик премиерот во владата воспоставена по воениот удар од мај минатата година  Висану Креа-нгам денеска изјави дека привремената влада „ не е многу заинтересирана да остане на власт, но дека тоа ќе мора да го прави се додека не се остварат целите на патот кон демократијата што ги прокламира воената хунта по ударот’’. Тој нагласи дека генералот Прајут и неговиот тим се цврсто решени да направат се то им ветиле на граѓаните, а тоа, можеби, ќе значи дека изборите наместо во септември 2.016 би се одржале во мај, или јуни наредната година.

Од кабинетот на премиерот Прајут денеска стигна и известување дека тој размислува пред референдумот за нов Устав да одржи серија разговори со раководствата на спротиставените политички партии, чија активност сега е забранета. Поддавање на рака од страна на генералот Прајут на политичарите кои тој ги наведува како главна причина за воведување на воена управа во сијамското кралство ги изненади најголемиот број аналитичари на состојбите во Тајланд, но има и такви кои сметаат дека најавата на генералот е очекувана, но дошла пред очекувањата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...