ФОТО+ВИДЕО: Авион погоден од гром

Авион погоден од гром е снимен на аматерската видео снимка што ја објави Си Ен Ен. Станува збор за авион на компанијата Делта Ерлајнс, кој во моментот кога бил удрен од гром полетувал од аеродромот Хатсфилд – Џексон во Атланта, во текот на оваа недела.

Додека ги снимав авионите што беа приземјени во Атланта на 18. 08. 2015 случајно успеав да го снимам моментот кога удри гром во авионот 737, напишал на Јутјуб човекот што го направил видето Јек Перкинс.

Нема повредени, а авионот продолжил со летот

Портпаролот на компанијата Делта ерлајнс Морган Дуран потврдил дека авион на компанијата бил погоден од гром. Како што појаснил станува збор за летот 67 кој во вторникот полетувал од аеродромот во Аталанта. Авионот Боинг 737 требало да се упати кон Лас Вегас.

Авионот тргнал со двочасовно задоцнување, а на предвидената дестинација пристигнал со задоцнување од само 20-тина минути.

Нема информации за повредени помеѓу 111-те патници и шесте членови на екипажот. Како и во повеќе други слични вакви случаи, Делта спроведува детална истрага за овој случај, посебно затоа што безбедноста е врвен приоритет на Делта. Дизјанот на авионот дозволува громовите да се одбиваат, изјавил Дуран.



Авионите се дизајнирани за да бидат отпорни на удар од гром

Сепак, експертите тврдат дека ударот од гром е мошне вообичаена појава во воздушниот сообраќај и дека нема место за паника затоа што самите авиони се дизајнирани за да издржат ваков тип удар. Ако авионот биде погоден од гром, тоа не значи дека ќе резултира со авионска несреќа.

Многу често се случува авионот да биде погоден од гром, а патниците воопшто да не го забележат тоа, затоа што самите кога летала се дизајнирани, грмотевиците секогаш се земаат во предвид. Енергијата не поминува во кабината и да удри во патниците, таа се празни во леталото девет од десет пати и не остава докази дека авионот бил погоден од гром, пишува блогерот Патрик Смит во неговата книга „Прашајте го пилотот: Се што треба да знаете за воздушниот сообраќај“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...