Регистриран напад со хемиско оружје во северниот дел на Сирија

Сириски активисти и медицински организации објавија дека се документирани напади со хемиско оружје, при што се повредени дестина лица во сирискиот град Мареа.



Организацијата „Лекари без граници“ соопшти дека лекувала четворица цивили од едно исто семејство, кои биле изложени на хемиски материи на 21 август во Мареа, во северната провинција Алепо.

Болните имале симптоми како „крвави очи, црвена кожа, конјуктивитис и отежнато дишење, проследено со појава на осипи на кожата“, се наведува во соопштение на медицинската организација.

Според пациенти, кои се лекувани во Алепо, во петокот ракетен проектил ја погодил нивната куќа, по што таа била исполнета со жолт гас.

Сириско-американското медицинско друштво (САМС) објави дека според неговите лекари во градот, станува збор за гас иперит.

САМС, кој има болници низ Сирија, објаснува дека над 50 цивили со симптоми од изложеност на хемиски супстанци се третирани во полските болници на организацијата во Мареа.

- Осипи се појавија на кожата на 30 цивили. Лекарите ја идентификуваат хемикалијата како гас иперит, се наведува во соопштението на САМС.

Новинарот Мамун ал Катуб, кој бил во Мареа, изјави дека над 50 проектили, истрелани од ИД го погодиле центарот на градот во петокот.

- Лекарите во полската болница потврдија дека имало случаи на задушување, тешко дишење, црвени очи и лице и кожни осипи. Погодени биле над 25 цивили, четворица од кои се во тешка состојба и се пренесени на лекување во Турција, објави новинарот активист.

Гасот иперит е отровен гас и првпат е употребен од нацистите во Белгија во 1917 година. ОН го забранува во 1993 година.

Претходно на 14 август администрацијата на САД објави дека е можно ИД да употребила гас иперит во нападите против курдски борци во Ирак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...