Индонезија можен медијатор во спорот меѓу Северна и Јужна Кореја

Џакарта, 26 август 2015 (МИА) – Медиумите во Џакарта денеска пишуваат дека Индонезија, најверојатно, ќе има активна политичка улога во надминувањето на споровите и конечното помирување меѓу Северна и Јужна Кореја.

Првите сигнали за можното медијаторство на Индонезија на Корејскиот Полуостров се објавени со извештаите за посетата на потпретседателот на Индонезија Јусуф Кала на Јужна Кореја, кој во Сеул имаше средби со политичкиот врв на таа држава.

Аналитичарите во Сеул и регионот на југоисточна Азија денеска објавија повеќе текстови во кои се нагласуваат водечката улога на Индонезија во Движењето на неврзаните и големата заслуга на индонезиската дипломатија за конечно решение на политичката нестабилност во Камбоџа во деведесеттите години на минатиот век. Џаката беше неколкугодишен, успешен, медијатор за прекин на граѓанската војна во Камбоџа.

Се потсетува дека Индонезија има и одлични релации со САД и Кина, двете големи сили кои покажуваат директен интерес за настаните на Корејанскиот полуостров. Исто така, Џакарта има добри економски и политички релации и со Јужна и со Северна Кореја, така штоќе нема ниакви пречки Индонезија да биде активен посредник во процесот за помирување на двете Кореји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...