Уапсени двајца француски новинари поради уценување на кралот на Мароко

 

Двајца француски новинари беа уапсени во Париз, поради сомнение дека го уценувале кралот на Мароко, од кого барале од три милиони евра, за да не објават книга која содржи штетни информации за кралството и кралот, јавува дописникот на МИА од Париз.

Случајот почнал на 23 јули, кога новинарот Ерик Лорен ја контактирал мароканската монархија и на нејзиниот претставник му соопштил дека се подготвува да објави книга за Мароко.



Неколку дена подоцна во Париз се одржа состанок помеѓу новинарот и адвокатот на кралството, на кој Лорен предложил да не ја објавува книгата во замена за три милиони евра.

Но мароканската монархија поднесе пријава во Франција, по што беше отворена прелиминарната истрага од страна на Парискиот обвинител.

Притоа се одржани уште неколку други состаноци, но овој пат под надзор на инспекторите. Двајцата новинари денес се наоѓаат во рацете на полицијата, по една средба на која прифатиле пари. Нивните средби биле фотографирани и снимени.

Бранителот на Кралството Мароко, Ерик Дипон-Морети за радиото РТЛ рече дека тој е изненадена од методот што се користи.

- Сметам дека ова е прв пат, според моите сознанија, лице кое сака да биде новинар, кое се претставува себеси така, директно да врши рекетирање и уценување на шеф на држава, кој е на функцијата. Ова е невидено. Тоа е луда храброст! Исто така се прашуваме кои се мотивите. Дали е корупција? Или овој маж и оваа жена биле изманипулирани од страна на некоја група и тука се поставува и прашањето на тероризмот. Ова го велам многу сериозно, и истрагата ќе ги утврди мотивите.

Новинарите Ерик Лорен и Катрин Грасие веќе имаат напишано книга за кралот на Мароко, Мохамед Шестти во 2012 година, насловена како „Кралот предатор“ во која двајцата автори имаа обвинувачки ставови против кралот на Мароко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...