Тони Блер му нудел на Дејвид Камерон да посредува меѓу Гадафи и Западот

Лондон,31  август 2015 (МИА) - Поранешниот британски премиер Тони Блер, во 2011 година, му се понудил на актуелниот премиер Дејвид Камерон, да посредува меѓу Западот и либискиот лидер Моамер Гадафи, но тој ја отфрлил понудата, пишува „Тајмс“ повикувајќи се на книгата на британскиот публициист Ентони Селдон.

Во книгата „Камерон во 10“ (Даунинг стрит 10) за неговиот прв мандат,  Селдон тврди дека Блер се обидувал да обезбеди договор со Гадафи, за време на воздушните напади врз позициите на либиската армија.

Со помошта на тие напади што ги предводеа Британија и Франција, а во кои беа вклучени уште 15 други земји, вклучувајќи ги и САД, беше соборен од власт Гадафи, кој подоцна беше брутално ликвидиран од исламистите.

На почетокот на бунтот што го покрена либиската исламистичка опозиција,  на истокот на земјата, во реонот на Бенгази, Гадафи се закануваше дека ќе испрати тенкови „за да ги прегазат како мравки„ но либиската армија иако тргна да го задуши бунтот, никогаш не стигна до вториот по големина град во Либија.

Заканати на Гадафи беа искористени од Западот, за да се истурка резолуција во Советот за безбедност, со која се наложи воведување зона за забранети летови над Либија, како и примена на „низа други мерки„ за да се спречи „хуманитарна катасрофа„ во земјата.

Резолуцијата помина со воздражаност на Русија и Кина, кои подоцна се спротивставија на однесувањето на Западот, кој „хуманитарната клаузула„ ја искористи за бомбардирање на либиската армија, за соборување на власта на Гадафи и за „победата„ на опозицијата.

Блер се јавил кај Камерон откако зборувал со „клучни личности„ од администрацијата на Гадафи, но тогашниот и сегашниот премиер Камерон, ја одбил ваквата понуда.

Во книгата на Селдон, за првиот премиерски мандат на Камерон, се открива дека премиерот пред четири години дошол во судир со тогашниот директор на британската разузнавачка агенција МИ6, Џон Сојер. Тој го уверувал Камерон дека бомбардирањето на либиските сили, лојални на Гадафи е „спротивно на интересите на Британија„ како и дека прифакање на одлуката за бомбардирање може да се објасни само од „хуманитарните побуди„.

Селдон тврди дека Камерон го сослушал Сојер но му рекол дека иако се согласува со него, но дека Британија е значајно да учествува во целата операција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...