Во меиловите на Клинтон британските политичари Камерон и Клег се оценети како „снобови и арогантни“

Лондон,2 септември 2015 (МИА) - Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон и нејзиниот советник Сидни Блументал немале високо мислење за британските политичари Дејвид Камерон и Ник Клег, како и за поранешниот лидер на лабуристите, Ед Милибанд, покажуваат најновите меилови на Клинтон, што денеска за пр оат се објавуваат.

Во нив, Камерон и Клег се оценуваат како „снобови“ и „арогантни“ додека за Милибанд се вели дека претставува „нешто назадно“ (во политиката).

Во еден меил на Блументал. испратен до Клинтон, нејзиниот советник ја предупредува својата шефица дека Клег е „арогантен„ и како и Камерон со „не помалку привилигирано потекло„, но дека е помалку сноб, веројатно затоа што се школувал во Вестминстер, а не во отмениот колеџ во Итон, каде учел поранешниот и сегашниот британски премиер.

Тоа според Блументал се гледа во помалку изразениот акцент, при зборувањето на Клег, на кој инаку инсистира Камерон и кој, според советникот,  е „типичен за повисоката класа“.

Меиловите биле разменувани во мај 2010 година, веднаш по праламентраните избори во Велика Британија, по кои беше создадена коалицијата меѓу конзервативците и либералдемократите во која Камерон беше избран за премиер, а Клег за заменик премиер.

На меилот на Блументал, тогашниот државен секретар на САД, возвратила со своја порака во која го известува својот советник дека писмото со неговите оценки за британските политичари му го препратила на Бил (Клинтон).

„Тој се согласува со твоите проценки и предупредувања„- му одговорила Хилари Клинтон на советникот Блументал.

Во другите меилови, тој го оценувал и именувањето на министерот Вилијам Хејг, за шеф на британскиот Форин Офис.За Блументал, Хејг делува како  „неискрен и лажен„ во споредба со неговиот претходник, министерот за надворешни работи Дејвид Милибанд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...