Милијардер сака да купи остров во Медитеранот за бегалци

Милијардер од Египет планира да купи остров покрај бреговите на Италија или Грција и да ги смести на него стотиците илјадибегалци.

– Грција и Италија, продајте ми остров, ќе ја прогласам неговата независност и ќе примам бегалци, ќе им дадам работа преку изградба на нивната нова земја, објави на Твитер бизнисменот Нагиб Сауирис.

– Секако дека тоа може да се оствари, додаде тој.Тој истакна дека Грција и Италија имаат десетици пусти острови, кои можат да примат стотици илјади бегалци.

Сауирис изјави дека се поврзал со Владите на Италија и Грција за да ја конкретизира оваа негова идеја.

Според него еден таков остров може да чини од десет милиони до сто милиони долари, но главното прашање се инвестициите во инфраструктурата.

– Ќе има времени објекти за сместување на луѓето, а потоа тие самите ќе почнат да си ги градат живеалиштата, универзитетите и болниците, рече Сауирис.

– Доколку ситуацијата се подобри, секој кој сака да се врати во родната земја ќе може да го стори тоа, додаде тој.Бизнименот истакна дека во најмала рака во таа држава сите бегалци ќе бидат третирани како луѓе, а не како стока.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...