ПОДГОТВЕНИ НА СÈ

ИД планираат масовен геноцид на луѓето кои нема да живеат според нивни правила

Исламските терористи сакаат да „го избришат“ западот од лицето на Земјата, а според зборовите на новинарот кој со нив поминал 10 дена, тие подготвуваат нуклеарен холокауст.



Новинарот Јорген Тоденхофер, се наоѓал во нивната група, бидејќи бил критичар на американската политика на Блискиот исток. Сите негови искуства ги запишал во книгата „Десет дена во Исламска држава“. За Daily Mail новинарот објаснил дека џихадистите веднаш им ги одземале мобилните телефони нему и на неговиот син. Исто така открил дека со месеци пред да отиде таму, разговарал со џихадисти преку Skype и ја договарал својата посета.

- Видов бројни снимки од отсекување на глави и секако бев во голема недоумица во последните неколку месеци. Сепак, одлуката ја донесов и не сакав да се откажам. Луѓето таму живеат во бараки, во уништени куќи, па дури и јами кои настанале како последици од бомбардирања. Спиев на земја, но за среќа имав пластичен душек и ми дозволија да ја внесам вреќата за спиење, објаснува Јорген.



Имено, од неговото искуство тој заклучил дека ИД се најопасната терористичка група, на која не може да и се спротивставите така лесно.

- Тоа е најопасната терористичка група која некогаш сум ја видел. Реално, не гледам начин на кој може да ги стопираме. Можеби единствено Арапите може да ги уништат, но не сум сигурен дали сакаат да влезат во таква војна. Како што поминува времето, јас сум сè поголем песимист. Западот драматично ја потцени Исламската држава. Нема концепти, нема тактики, нема решенија... Џихадистите се многу поопасни и поорганизирани отколку што мислат западните власти.

Новинарот поголем дел од времето го поминал во Мосулу, но бил и во главниот град, Раки.



- Брутални се. Екстремно брутални. И не е работата само во отсекување на глави. Нивните религиски правила се нивна службена политика. Тие најсериозно зборуваат дека мораат да убијат половина милијарда луѓе и 100% се сигурни дека ќе ја добијат оваа војна, верува Јорген.

Со неговите заклучоци отишпл толку далеку што признал дека ИД планираат масовен геноцид на луѓето кои не сакаат да живеат по нивните правила.

- Тие сакаат само да убиваат! Стотини милиони луѓе сакаат да елиминираат во име на „верско чистење“. Христијани, атеисти, хиндуси... Жени и деца нема да убиваат, туку сакаат да ги направат робови. Според нивното верување, сите оние кои ја промовираат демократијата, биле да се муслимани или не, мора да се убијат, заклучува новинарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...