Од американски затвори предвреме ќе бидат пуштени 6.000 осуденици

Вашингтон, 7 октомври 2015 (МИА) – САД предвреме ќе ослободат околу 6.000 затвореници од сојузни затвори за да се реши проблемот со нивната пренатрупаност, јавуваат американски медиуми.

На слобода ќе бидат оние кои се осудени на долги затворски казни поради криминални дела поврзани со препродажба на дрога.

Ослободувањето ќе се врши од 30 октомври до 2 ноември откако американската Комисија за помилување препорача намалување на казните за идни пресуди за продажба на дрога, објави Њујорк тајмс. Таквата препорака би можела да донесе предвремено пуштање од затвор на околу 46.000 луѓе, наведува Вашингтон пост.

Третина од оние кои предвреме ќе бидат ослободени се странски државјани и тие ќе бидат депортирани. Во американски затвори има 2,2 милиони затвореници и тоа е околу 25 отсто од вкупниот број осуденици во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...