Партијата на поранешниот јеменски претседател ги прифаќа условите за мировен план

Сана, 7 октомври 2015 (МИА) – Партијата на поранешниот претседател на Јемен денеска соопшти дека ги прифаќа условите за мировниот план изработен со посредство на ОН на преговори во Оман.

Општонародниот конгрес е партијата на поранешниот претседател Али Абдула Салех кому му се лојални голем дел од армиските единици, кои војуваат заедно со шиитските бунтовници Хути против силите поддржани од државите од Заливот.

– Официјален извор од Општонародниот конгрес го потврди ставот на партијата за прекин на насилствата и укинување на блокадата и за мирно решавање на кризата во Јемен, посочува партијата во соопштение.

Претседателот Абд Рабу Мансур Хади поддржан од воената коалиција предводена од Саудиска Арабија и локални милиции, исклучува секаков договор се додека Хутите и силите на Салех не ја исполнат резолуцијата на ОН – да се повлечат од окупираните градови и да го остават оружјето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...