И Хутите го прифатија мировниот план на ОН за Јемен

Лондон, 7 октомври 2015 (МИА) - Хутите во Јемен се согласуваат со одредбите од мировниот план на ОН и за тоа со посебно писмо го известиле и генералнот секретар на Светската организација, Бан Ки-мун, јавуваат британските медиуми.

Во писмото, Хутите ветуват придржување кон мировниот план од седум точки, изработен од ОН за време на разговорите во Мускат во Оман, означувајќи го како „значаен и фундаментален“ чекор напред кон продолжувањето на политичкиот проецес во земјата.

Јеменските Хути се обврзуваат и на почитување на резолуцијата на ОН за завршување на воениот конфликт во Јемен, што беше донесена минатиот месец.

Бунтовничките Хути се согласуваат со принципите на планот на ОН за прекин на огнот, повлекување на вооружените милиции од градовите и за враќање на јеменската Влада во главниот град Сана.

Во писмото до Бан, тие остро го критикуваат однесувањето на јеменската Влада, обвинувајќи ја дека не покажала никаква „позитивна посветеност“ кон планот на ОН и понудениот мировен процес.

Јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади и натаму инсистира дека Хутите треба да се повлечат од териториите што сега ги имаат под своја контрола, пред да може да се постигне спогодба.

Ситуацијата во оваа земја на крајниот југозапад на Арапскиот Полуостров, дополнително е компликувана со вклучувањето на армиите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, на страната на владините сили.

Сунитската коалиција, предводена од армиските сили на Саудиска Арабија, од јули оваа година постојано ги бомбардира позициите на шиитските Хути.

Странската интервенција помогна владините сили да го вратат под своја контрола Аден, каде привремено работи Владата, но главниот град Сана и натаму е во рацете на бунтовниците.

Саудиската интервенција во Ријад се објаснува со намерата да не се дозволи шорење на влијанието на Иран во регионот.

Хутите кои се шиити од северот на Јемен, подржани од приврзениците на поранешниот претседател, го почнаа бунтот обвинувајќи ја Владата во Сана за корупција, но и затоа што се незадоволни од планот за федерализација на земјата, за кој тие велат дека ќе предизвика нивна маргинализација,

Според ОН, околу 4.900 лица, вклучувајќи и повеќе од 2.350 цивили се убиени во досегашните воени судири во Јемен. Дури 80 отсто од населението има потреба од помош, а 13 милиони Јеменци се соочуваат со недостиг од храна. Околу 1,4 милиони лица избегаа од своите домови.

Претходно и партијата на поранешниот претседател на Јемен соопшти дека ги прифаќа условите за мировниот план изработен со посредство на ОН на преговори во Оман.

Општонародниот конгрес е партијата на поранешниот претседател Али Абдула Салех кому му се лојални голем дел од армиските единици, кои војуваат заедно со шиитските бунтовници Хути против силите поддржани од државите од Заливот.

- Официјален извор од Општонародниот конгрес го потврди ставот на партијата за прекин на насилствата и укинување на блокадата и за мирно решавање на кризата во Јемен, посочува партијата во соопштение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...