Координирана акција за надминување на последиците од пожарите

Бангкок, 7 октомври 2015 (МИА) - Тајландскиот премиер Прајут Кан-ока денеска изјави дека ќе побара сите 10 држави на АСЕАН да учествуваат во координирање на акциите за гаснење на повеќе од 1.000 пожари во Индонезија, од каде облаци чад допираат до Сингапур и Малезија, а од пред два дена и до делови на Тајланд.

Концентрацијата на смог во југозападните области на Тајланд од завчера е над границата која се смета за опасна по здравјето, па и во овој дел на југоисточна Азија се затвораат училишта и градинки, а штети трпи и економијата.

Пораката на тајландскиот премиер аналатичарите во регионот ја протолкуваа и како прва „јавна опомена’’ до Индонезија во која од август наваму се регистрирани над 15.000 пожари со кои пожарникарите, потпомогнати и од десетици илјади припадници на армијата тешко се справуваат.

Од причини непознати за јавноста, преговорите меѓу Индонезија од една и Сингапур и Малезија од друга страна, за заеднички акции за гаснење на пожарите не дадоа резултат.

Поради вдишување на воздух со голема концентрација на смог во Индонезија досега се регистрирани 64.000 медицински интервенции, а околу 1.000 лица се заболени од акутна пневмонија, Во Сингапур и Куала Лумпур деновиве сите на улица носат маски за дишење, а вакви маски до загрозените жители денеска бесплатно делат и медицинските власти во Тајланд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...