ОН го објави формирањето на либиска Влада на национално единство

Триполи, 9 октомври 2015 (МИА) - Пратеникот на ОН за Либија, Бернардино Леон соопшти дека е формирана либиска Влада на национално единство, која ќе биде предводена од премиерот Фајез ел Сараџ и тројца вицепремиери Ахмад Мејтиг, Фатхи ел Меџбри и Муса ел Кони.

Ова претставува чекор напред кон враќање на редот во земјата, која се наоѓа во хаос по соборувањето од власт на Моамер Гадафи во 2011 година. Оттогаш Либија е поделена меѓу владата во Триполи, која е поддржана од исламистите и меѓународно признатата Влада во градот Тобрук.

Сараџ е член на Парламентот од Триполи, а тројцата вицепремиери се претставници на источниот, западниот и јужниот дел на Либија. Двајца од министрите се жени.

- Сите тие ќе работат тимски. Задачата не беше лесна. По една година напори во овој процес со повеќе од 150 либиски претставници на сите области, на крајот дојде моментот за формирање Влада на национално единство, истакна Леон на прес-конференција во мароканскиот град Схират, каде во понеделникот започна нов круг преговори меѓу двете либиски сопернички страни.

Сега останува новата влада да биде одобрена од двете страни и од самите Либијци. засега не се знае дали и двете групи целосно го поддржуваат списокот на кандидатите, особено властите во Триполи, кои се поделени меѓу радикално и умерено движење.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини го поздрави составувањето на новата либиска влада, како и преговарачите, кои според нејзе покажале „одговорност и лидерство во еден многу критичен и важен момент во историјата на својата земја“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...