Аризона: Еден загинат и тројца повредени во пукотница на универзитетВашингтон, 9 октомври 2015 (МИА) - Најмалку едно лице е убиено, а три се повредени во пукотница на Универзитет во Северна Аризона во областа Флагстаф, јавуваат локалните власти, наведувајќи дека осомничениот напаѓач е уапсен.
- Потврдено е еден загинат и тројца повредени. Напаѓачот е во притвор. Ситуацијата е стабилизирана. Кампусот не е затворен, објвија на Твитер универзитетски претставници.
Мотивот за вооружениот напад не е познат и службеници од Северна Аризона не објавија дали загинатиот е студент на универзитетот.
|