Американците им фрлаат од воздух оружје на сириските бунтовници

Авиони на американската армија фрлиле од воздух со падобрани, оружје и муниција на бунтовниците во Сирија кои се борат против џихадистите на Исламска држава, соопшти Пентагон.

Транспортни авиони од типот Ц-17, придружувани од ловечки авиони на американаката авијација, фрлиле во текот на ноќта 45 тони лесно оружје, муниција и гранати, во делови од провинцијата Хасакех, на истокот од Сирија.

Испораката на вооружување за сириските бунтовници доаѓа по одлуката на Вашингтон да ја напушти програмата за обука и тренинг на „илјадници умерени сириски бунтовници„ во вредност од 500 милиони долари.

Американската администрација претходно го призна неуспехот со обучувањето на припадници на умерените исламисти, кои требаше да војуваат против џихадистите, но пред се, против сириската армија и силите кои му се лојални на претседателот Башар ал Асад.

Според признанието на САД, најголемиот број од овие луѓе, или дезертирале и побегнале без трага, или им се приклучиле на џихадистите на ИД, па во Вашингтон сега е одлучено, наместо за обука, парите да се користат за вооружување на опозициските групи.

Претставник на групата „Рака револуционерен фронт“ изјавил дека оружјето што им е испорачана од воздух, ќе им помогне во офанзивата што ја подготвуваат против градот Рака, силно упориште на ИД. Во оваа офанзива оваа група ќе учествува заедно со курдските Народни единци за заштита.

Двете формации се дел од Алијансата од арапски и курдски групи, наречена „Демократски фронт на Сирија„ што е создадена во понеделникот



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...