САД се заложија за зајакнување на офанзивата против ИД

Вашингтон, 24 ноември 2015 (МИА) - САД повикаа за поцврста соработка меѓу сојузниците во борбата против Исламска држава, како и да се изврши поголем притисок врз таа екстремистичка организација на глобално ниво. 

Во Стејт департментот беше одржан состанок на специјалниот американски пратеник на меѓународната коалиција, која ги бомбардира позициите на ИД во Сирија и Ирак, Брет Мекгарк и потпретседателот Џозеф Бајден со претставници на 65 земји-членки на коалиција, вклучувајќи ги и Франција, Италија, Турција и Либан.

Состанокот е одржан по серијата напади во Париз, Анкара, Багдад, Бејрут, за кои одговорноста ја презеде ИД.

- Коалицијата е обединета во одлучноста да се стави крај на злото, кое ИД го донесе во регионот и пошироката светска заедница. И натаму силата ќе ја бараме во нашата различност и нема да ја прифатиме целта на ИД да се користи со терор за да не подели, соопшти Стејт департментот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска ќе разговара со американскиот претседател Барак Обама, а потоа во четврток ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...