САД: Уништени 238 цистерни со нафта на екстремистите во Сирија

Вашингтон, 24 ноември 2015 (МИА) - Во напад на американските воздухопловни сили врз позициите на Исламска држава на североистокот од Сирија уништени се повеќе од 238 цистерни со нафта на оваа екстремистичка организација, соопшти војската на САД.

Американските пилоти забележале дека цистерните биле паркирани една покрај друга и затоа, пред да бидат уништени, истрелале предупредувачки истрели за заплашување на возачите, кои биле присилени да побегнат.

Исламска држава заработува големи суми пари од нафтата која ја произведува на освоените нафтени инсталации.

Американското Министерство за одбрана најави дека ќе објави видео снимка на овие воздушни напади, што се случиле за време на викендот.

Минатата недела во претходниот напад беа уништени уште 116 цистерни, пренесе Би-Би-Си.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...