Клинтон: Грешка ќе биде доколку САД забранат прифат на бегалци

Њујорк, 24 ноември 2015 (МИА) - Грешка ќе биде доколку САД забранат прифаќање бегалци од Блискиот исток, вклучително и од Сирија, изјави најсериозниот претседателски кандидат меѓу американските демократи, Хилари Клинтон, цитирана од ТАСС. 

Според Клинтон, одбивањето да се прифатат бегалци, кои бараат спас од воените конфликти, може да испрати сигнал од кој корист ќе имаат терористите, кои се стремат да посеат раздор меѓу американските власти и муслиманската заедница.

- Не треба да го пренесуваме тој генерално негативен однос кон секој муслиман, повика поранешниот американски државен секретар.

Ваквиот чекор, освен тоа, ќе ги поткопа напорите на американските власти и претставници на законот да ги зацврстат врските со муслиманските заедници во земјата, забележа Клинтон.

Федералните власти, меѓутоа, сепак, должни се најдетално да ги проверуваат бегалците, кои се обидуваат да побараат азил во САД, подвлече таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...