Европскиот парламент ја кани Шинаватра, а Тајланд смета дека тоа е провокација

Бангкок, 24 ноември 2015 (МИА) - Тајландските медиуми ја објавија веста дека поранешната премиерка Јинглук Шинаватра од Европскиот Парламент добила покана да патува во Париз, или, по нејзин избор, во Стразбур, за размена на мислења околу политичката ситуација во Тајланд. Шинаватра во мај минатата година беше сменета од премиерската функција со воен удар, а за да патува надвор од земјата мора да бара дозвола од сегашните воени власти.

Поканата до Шинаватра ја потпишал Елмар Брок, претседател на комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент.

Поранешната премиерка на Тајланд, по соборувањето, само еднаш, во јули минатата година, добила дозвола да патува во Париз, на прослава на роденденот на својот брат Таксин Шинаватра, кој како неа беше премиер, а сменет со воен удар во 2006 година и сега е во „доброволен егзил“ во странство.

Првите оценки на аналитичарите се дека Европскиот парламент прави нов обид за мешање во внатрешните работи на Тајланд. Веднаш по воениот удар во мај 2014 ЕУ ги замрзна односите со Бангкок, но изјавите на неколку амбасадори од државите на ЕУ во врска со враќањето на демократијата во Сијамското кралство од сегашниот премиер, генералот Прајут Кан-ока беа оценети како груби обиди за мешање во внатрешните работи на Тајланд. Од остри критики за своите анализи за политичката состојба во Тајланд не беа поштедени ни амбасадорите на САД и Австралија.

Поранешната премиерка Шинаватра ја очекува судење поради небрежност кога била на функција и според обвинувањата предизвикала штета од над 20 милијарди долари при спроведувањето на шемата за државни субвенции за производителите и трговците со ориз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...