Јеменските бунтовнички Хути обвинети за блокирање на помошта за луѓето во Таиз

Њујорк, 26 ноември 2015 (МИА) - Припадниците на бунтовничкте Хути во Јемен и нивните сојузници, ја блокираат помошта на меѓународната заедница за луѓето во, третиот по големина град во земјата, Таиз-изјави потсекретарот за хуманитарни прашања при ОН, Стивен О’ Брајен кој раководи со дистрибуција на помошта.

Тој ги обвини Хутите дека со попречувањето на помошта, предизвикуваат повеќе од 200 илјади цивили, да живеат во „виртуелна состојба на опсада“.

Бунтовничките Хути ги запираат товарните возила кои се движат кон Таиз, дозволувајќи во градот да се внесат само ограничени количества од помошта.

Владините сили на Јемен, помогнати од авијацијата на меѓународната коалиција на сиунитски држави, предводена од Саудиска Арабија, од септември водат тешки борби со здржените сили на бунтивниците, за контролата врз овој град, за кого сведоци изјавуваат дека е безмалку целосно разурнат.

Таиз се наоѓа 200 километри јужно од главниот град Сана, што е под контрола на Хутите.

Околу шест илјади лица, половината од нив цивили, загинаа досега во борбите, по ескалацијата на конфликтот во Јемен, во март оваа година, кога во судирањата меѓу Хутите и владинте трупи, се вклучи и Саудиска Арабија, во обид да не се дозволи победа на шиитските бунтовници и ставање на Јемен под иранско влијание.

Сунитската коалиција беше создадена откако Хутите ја освоија Сана и го натераа претседателот Абдрабух Мансур Хади, да побегне од главниот град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...