24 сата – Загреб

Страв и лицемерие: ЕУ создава брутални екстремисти на ИСИС

Обама „вети‟ дека бескомпромисно ќе го брани „нашиот начин на живот‟, без оглед на тоа што никој жив не знае што точно се подразбира под тоа. 



Реакцијата на претседателот на Франција, Франсоа Оланд по терористичкиот напад во Париз уште еднаш ја разоткри целата беда на европската, но и на светската политика. Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит пред неколку години кажа за тоа се што вредеше да се каже: дека денешна Европа нема политичари, т.е. дека нема државници од формат. Постои ли денес во Европа политичар кој има визија која ќе дофрли подалеку од осветлувањето на Ајфеловата кула во боите на француското знаме и неселективното уништување на Рака, главно упориште на ИСИС во Сирија?

Понатаму, се сеќава ли некој по сличните трагични настани на оние листи на најмоќните луѓе на светот во кои челните места најчесто ги заземаат политичари кои всушност се само десна рака на крупниот капитал.

Само за пример, Барак Обама, кој се претвори во говорен автомат кој повремено исфрлува типски фрази. Слично нешто видовме и по масакрот во Париз. Обама „вети‟ дека бескомпромисно ќе го брани „нашиот начин на живот‟, без оглед на тоа што никој жив не знае што точном подразбира под тоа.

Ангела Меркел, на која и се ласка дека е најмоќната жена на светот, не се разликува многу од останатите, освен што таа жена знае да покаже и човечко лице. Со хуманиот став кон бегалците од Сирија. Меѓутоа, првпат нејзината популарност почна да паѓа тогаш, што до некаде го разниша нејзиниот дотогашен бескомпромисен став. Додека пасивно секундираше со алчниот финансиски сектор во текот на буткањето на виртуелните пари на неодговорните политички елити во Грција, Шпанија или Португалија, и ласкаа дека е најмоќна жена на светот.
Дали од таа позиција можеше да ги запре финансиските предатори?
Тешко. Од гледна точка на денешните политичари, иднина не постои. Тука доаѓаме до таа фамозна визија, т.е. предвидување на евентуални последици на некои процеси и превентивно делување. За тоа отприлика зборуваше Хелмут Шмит. Тоа е најдобар показател колку тие листи се празни, т.е. функционираат како бодови во некакво ријалити шоу. Кога би работеле на некаков филм или сценарио за европските или светските политичари, тука нивната униформираност на најдобар начин би можела да се прикаже со типичната филмска постапка според која Оланд и Меркел на пример, би ги глумел ист глумец.

Три крупни лаги завиени во незграпни и излитени фрази

Да се вратиме на Оланд и на неговите реакции на терористичкиот чин во центар на Париз кој го обиколи целиот свет. Тој отприлика го изјави следното: дека терористите се „кукавици кои ги напаѓаат нашите вредности, но ние не се плашиме‟. Три големи лаги завиени во незграпни и излитени фрази. Да почнеме по ред.

Кукавици? Како и според која логија можеме лице кое се одлучило на самоубиствена акција да го наречеме кукавица? Од што може да се плаши жив мртовец кој во рајот го чекаат 70 девици? Тие излитени фрази всушност наликуваат на пцовки на исфрустрирани бирократи.

Што е тоа „наш начин на живот‟ или „нашите вредности‟? Слични фрази слушаме секојдневно од едено друго милје, тие за „остварување на својот сон‟, на пример, во безбројните реалити. Дали овој свет на политиката денес е на ниво на тие емисии? Францускиот случај покажа дека убијците на ИСИС пораснале токму во митскиот свет на „нашите вредности‟, со „нашиот начин на живот‟. Дали тие „вредности‟ конкретно во Франција, се запуштените гета во кои живеат нешколувани, гневни и исфрустрирани луѓе? Токму „нашиот начин на живот‟ е најповолно тло за раст на екстремизам од секаков вид, од исламистичкиот, па до јакнење на десницата во Европа. Тие всушност се условуваат. Како национализмот во Босна и Херцеговина. Едните ги хранат другите. Дали Барак Обама под „американски вредности‟ мислеше на укинување на европскиот концепт на социјална држава или на „вредностите‟ кои се шират во светот со носачи на авиони или дронови?

Најважен предуслов за трајно решение за проблемот со тероризмот во светот е од темел да се промени „нашиот начин на живот‟, бидејќи всушност тој го созда светот по мерка на ИСИС. До пред некоја година една ваква брутална организација беше тешко замислива. Решението на кое се одлучи САД по нападот на њујоршките кули беше новооснованото Министерство за државна безбедност, што е само еуфемизам за полициска држава. Дали европскиот, односно францускиот одговор ќе биде некаков пандан на тоа министерство?
Или само уште повеќе надзорни камери на улиците на европските градови, како што тоа е направено во Лондон по терористичкиот напад пред некоја година? Нешто друго тешко е да се очекува.

Европа се гуши во страв и параноја

Доаѓаме до третото, и најспорните лаги на Оланд, тие според кои „ние‟ не се плашиме. Мојот субјективен впечаток е дека и Оланд, додека ова го изговараше, делуваше преплашено. Европа се гуши во страв и параноја, во страв кој со години се генерира од егзистенцијалната несигурност, но и од немоќта и безидејноста на политичката каста. Тој страв, од друга страна, политичката елита ја одржува на власт. Еден парадоксален круг кој го зајакнува насилството.

Владејачките елити не контролираат ништо, се претворија во паразитска каста која е цел сама на себе. Во својот последен роман „Покорување‟, Мишел Холебек ја прикажува таа елита како толпа идиоти на чија глупост Националниот фронт на Ле Пен расте до водечка политичка сила во Франција, додека Евреите бегаат од неа во Израел, наслутувајќи самрак на таквата Европа.

Во романот на Холебек Франција е нешто за што не вреди човек да се жртвува. Во оваа смисла симптоматична е сцената која се случи ден-два по поприштето на злосторот, кога семејствата на жртвите и граѓаните дојдоа да одадат почест на жртвите. Преплашени, веројатно од петарда која некој болен ум им ја фрлил во близина, несреќните луѓе бегаат во паника. Таа трагична сцена, која на телевизија се вртеше до бесвест, требаше без милост да се цензурира, поради достоинството на жртвите, но уште повеќе поради достоинството на луѓето, кои наспроти стравот, дојдоа да одадат почест. Меѓутоа, човечкото достоинство не е во согласност со „нашите вредности‟. Пример за тој страв, но и ироничен показател дека Европа барем во нешто е обединета, се случи во Германија, неколку дена подоцна, кога поради лажна узбуна се одложи фудбалскиот натпревар меѓу репрезентацијата на Германија и Холандија, која требаше да се одигра во Хановер, а на која требаше да биде и Ангела Меркел. Улогата на петардата на париските улици ја одигра заборавена чанта на трибините на стадионот.

Во реакциите на спротивниот предзнак, како и до сега, најмногу жолчни реакции предизвика медиумското покривање на парискиот злостор, т.е. „миноризирирањето‟ на терористичките напади кои неодамна се случија на места и кон луѓе кои не ги делат „нашите вредности‟, на пример во Бејрут. Или медиумското следење на падот на рускиот авион во Синај. Верувам дека на семејствата на жртвите во Париз им се гади од експлоатирањето на трагедијата, т.е.од лажната емпатија која е наменета на живите, т.е. на јавноста на која лајкањето и е врвен критериум.

Еден пример на радикална негативна реакција на парискиот масакр се случи пред втората квалификација од натпреварот на фудбалските репрезентации на Ирска и БиХ. Минутата молк за париските жртви беше прекината со свиркање на група на босанскохерцеговски навивачи и повиците „Палестина! Палестина!‟. Тој квазипатриотски шљам не сфаќа дека, свирејќи на париските жртви, тие всушност свират на сите тие деца убиени во појасот Газа, бидејќи париските и палестинските жртви паднаа од иста рака, од раката на институционалниот терор, квазидржавниот терор на ИСИС.

„Во текот на војната во поранешна Југославија на некои лица, кои беа обвинети за воени злосторства, па и на држави како Србија, беа воведени санкции. Истото се случи и со некои руски лидери во текот на ексалацијата на судирите во Украина. Но во случајот со ИСИС и илегалната трговија со нафта, која цело време непречено се одвива, такви мерки нема. Постојат ли француски, германски или американски фабрики, или поединци, кои се богатат на сметка на оваа трговија? Веројатно да. Тогаш на чија страна во овој случај се Оланд и Барак Обама? На страна на жртвите или на крвниците? Нивниот молк за ова е единствен одговор кој го имаме, што е доволно. Тогаш, во колкава мера се тие одговорни за слосторот кој се случи на улиците на Париз?‟.

Наводната цел на Западот е уништување на ИСИС. Да претпоставиме дека ќе се случи тоа. Се поставува прашањето што потоа. Дали некој има одговор на тоа? Дали и потоа, како ништо да не се случило, Западот ќе продолжи да го третира ова подрачје како зона на непречен криминал? За жал, тоа е најверојатното сценарио, живот сведен на интервали меѓу терористички напади, додека апокалиптичните „сер Оливерци‟ ќе продолжат да тргуваат со мртви по улиците на европските градови? Цената? Ќе погодите: ситница.

Путин договара воен план

Претседателот на Франција Оланд и неговиот руски колега Владимир Путин се согласија за „поблиска соработка‟ меѓу своите разузнавачки агенции во врска со сирискиот судир. Претседателот на Русија нареди на воените бродови во Средоземјето да соработуваат со француските носачи на авиони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...