Протести против американскиот амбасадор во Бангкок

Бангкок, 29 ноември 2015 (МИА) - Неколку стотици припадници на ројалистичкото движење во Тајланд, предводени од популарниот будистичкиот првенец Исара, од петокот демонстрираат против мешањето на американскиопт амбасадор Глин Дејвис во внатрешните работи на Тајланд.

Амбасадорот Дејвис во изјава за локалните медиуми изрази загриженост поради апсењето цивили осомничени и обвинети за навреди на кралското семејство и монархијата.

Дејвис ја наследи амбасадорката Кристи Кени, која беше повлечена во Вашингтон веднаш по воениот удар во Тајланд во мај минатата година. Процедурата за именување на нов американски амбасадор траеше прилично долго, од април до септември годинава.

Изјавата на амбасадорот Дејвис ја коментираше и актуелниот тајландски премиер, генералот Прајут Кан-ока, кој истакна дека кралското семејство во Тајланд нема легална можност да поднесува тужби за навреди и дека посебниот закон за заштита на угледот на кралот и семејството служи за чување на достоинството на вековното Сијамско кралство.

САД, Австралија и државите од ЕУ ја замрзнаа соработката со Тајланд на политички и воен план по државниот удар.

Пред сегашниот американски, мета на критики беше и амбасадорот на Велика Британија во Бангкок, кој на социјалните мрежи ја критикуваше политиката на сегашната воена управа во Тајланд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...