Grani.ru

Повторно империја на злото

Шефот на Пентагон Ештон Картер, зборувајќи за политичката состојба во светот, ја оцени сегашната руска власт како „штетна‟, што за руски читател исто како да го погодила огнена молња во срце. Многу работи тоа му враќа во сеќавање, а му ја тревожи душата и умот. 

Бидејќи, што не учеше товариш Сталин? Товариш Сталин не учеше дека „штетници секогаш имало и дека ќе ги има се додека постојат класи и трула капиталистичка средина која ги раѓа‟. И сега, токму од таму, од самото срце на таа капиталистичка средина, директно од Претседателската библиотека на Роналд Реган во Калифорнија, ни стигнуваат неверојатни зборови со обвиненија дека Русија е штетник. И не само тоа. Шефот на Пентагон точка по точка како да чита обвинение, наведува дека Путин посегнал по суверенитетот на Грузија и Украина, како и тоа дека „активно ги плаши‟ нашите балтички соседи, а во блискоисточниот конфликт се вмеша така што „сирискиот пожар го гаси со бензин‟. Најмногу од се го загрижува тоа што Москва постојано „ѕвецка со нуклеарно оружје‟.

Како да се разберат овие, според стилот сталинистички, а според духот обвинителни зборови на Ештон Картер. Може да се претпостави дека тоа всушност и е негова работа: будно да следи и постојано да го прекорува својот потенцијален противник. Но, неговиот говор може да не потсети и на тоа дека во октомври оваа година Картер веќе зборуваше за „штетното и дестабилизирачко влијание‟ на Руската Федерација на останатиот дел од светот. И не само тој. Самиот Обама повеќе пати ја ставаше Русија на список на главните потенцијални опасности по безбедноста на Америка, а Белата куќа дури обнароди и постоење на некакви „варијанти на воен удар‟ во случај на директен конфликт со Москва. Се на се, излегува дека освен тие неочекувани квалификации на „штетници‟, шефот на Пентагон всушност и не рече ништо ново. А таа квалификација беше изречена откако стана неоспорно јасно дека падот на рускиот авион во Египет е дело на терористи.

Мислам дека тоа во Кремљ го знаеа веднаш. Долгото молчење на Путин, на фонот на брборењето на разни косачеви и пушкови, значеше дека нашиот претседател, кој патем веќе одамна изгуби секаков интерес за внатрешната политика, постојано размислува за тоа како оваа трагедија да ја искористи во надворешнополитички цели.

Тие денови тој повеќе пати телефонираше на сите поважни светски лидери и во неговите куси, многу воздржани коментари во тие разговори немаше ниту еден од тие полумангупски испади на смета на своите „партнери‟ на кои навикнавме во текот на последните години. Очигледно се надеваше дека по ова, за нас навистина трагичен терористички акт, нивниот однос кон него макар малку ќе се промени на подобро.

Развојот на целата состојба изгледа отприлика вака. Сакајќи да го принуди Обама на рамноправен дијалог, Владимир Владимирович се вмеша во блискуисточниот конфликт, што се пресврте во масовна погибија на недолжни руски граѓани. Судирајќи се со овој нов, апсолутно трагичен факт, помисли дека со сочувство на западните лидери овој немил настан ќе им ги омекне срцата и дека тоа ќе му помогне тие сега достојно да го оценат неговиот удел во борбата со меѓународниот тероризам. Меѓутоа, тој од нив не дочека ниту едно писмено сочувство упатено лично до него, што инаку според протокол е вообичаено. Инаетливиот остана со инаетот.

И сега, тие преку Ештон Картер детално го известуваат и зошто е тоа така. Известувајќи го со пресметана острина која означува дека нема да има никакво помирување, бидејќи од него никој не барал да го штити Асад. Од него никој не барал да ги бомбардира бунтовниците кои секојдневно се судираат со војската на ИСИС. Никој од него не бараше воопшто да се меша во сирискиот конфликт. Напротив, многумина се обидуваа од тоа да го одвратат, иако од самиот почеток им беше јасно дека сите тие обиди се бескорисни. Никој не ги заборави ни неговите поранешни „штетни‟ акции против Грузија и Украина и на никого ни на крај памет не им е да ги заборави. Сето тоа прецизно и по ред се наведува во излагањето на министерот за одбрана на САД.

Тој уште додава дека Америка „нема намера да започне студена (а може да се каже и жешка) војна против Русија‟. Меѓутоа, наспроти овие дежурни фрази кои Картер ги изговара, студената војна веќе одамна е почната и неговото понатамошно излагање недвосмислено го потврдува овој факт. Тој понатаму зборува за модернизирање на американскиот нуклеарен арсенал, за нов стратешки бомбардер, за ново ласерско оружје и за нешто супер тајно за што за сега не би сакал да ја обавестува јавноста. Накусо кажано, типичен студено воен говор, а местото кое е избрано за негово огласување (Претседателската библиотека на Роналд Реган), многу конкретно сведочи токму за тоа.

Всушност, времињата кои сега ги живееме по многу нешта потсетуваат на регановското, со таа разлика што интелектуалецот Обама е многу повоздражан и повнимателен од претседателот кој повеќе личеше на простодушен каубоец. Но, реториката на некои американски политичари и генерали забрзано се движи кон односи во кои познатата синтагма „империјата на злото‟ ќе зазвучи сосема природно.

И санкциите како Регановиот одговор на советската интервенција во Авганистан и вонредната состојба во Полска и таинственото чудо од оружје кое неодоливо потсетува на Регановата закана со „војна на ѕвездите‟ и тонот на дискусијата за војната и мирот кој од месец во месец станува се поостар, сето тоа премногу личи на минатите времиња на студената војна. Ни останува уште само да дочекаме кремељските претставници од вториот ешалон да ја сфатат целата бесперспективност и опасност (пред се по нас самите) на актуелната руска политика. Меѓутоа, како што сега стојат работите, на тоа изгледа ќе мора да чекаме многу подолго од тие години кога ја чекавме перестројката.

И навистина, доволно е само малку да се анализираат „зборовите и делата‟ на нашите американски лидери и да се сфати дека многу нешта се повторуваат, а ако сакаме кратко да го формулираме тоа што сега ни се случува, тогаш политиката на САД кон Руската Федерација, исто како и кон крајот на 80-тите години, може да се сведе на следната фраза: „без илузии‟. Во врска со Путин се е јасно. Неговата политика и системот на управување ни се јасни. Неговите експанзионистички планови се јасни и на тие планови треба да се спротивставиме. Јасно е исто така дека тој го разбира само јазикот на силата и на тој јазик треба да разговараме со него. Секако, тешко е да се поверува дека товариш Картер, со пенкало во рака го изучувал делото на товариш Сталин, но тој во полемиката со товариш Путин, едноставно изгледа интуитивно и ги нашол најправилните зборови – без чувствителни, остри, заканувачки. Дали тие ќе делуваат? Тоа сам Бог знае. Но, тоа дека карактерот на политиката на Путин и според формата и според содржината е штетен, навистина е повеќе од очигледно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...