Дваесет и прва конференција на ОН за климатските промени почнува во Париз

Париз, 30 ноември 2015 (МИА) – Во Париз денеска почнува 21-та меѓународна конференција на ОН за климата (СОР21) на која се очекува да учествуваат 150 претседатели или владини претставници од држави од целиот свет.

Целта на конференцијата е да се постигне историски глобален договор за борба со затоплувањето со ограничување на емисиите на штетни гасови.

Средбата ќе се одржи во конференцискиот центар Бурже во северно предградие на Париз.

Учесниците најавија дека ќе направат историски договор за да се избегне катастрофалното глобално затоплување на климата, а францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус апелираше до сите учесници во преговорите да дејствуваат итно и да бидат подготвени на компромиси. Фабиус се очекува да биде избран денеска за претседател со конференција за климата. Потоа говори ќе имаат францускиот претседател Франсоа Оланд и генералниот серкетар на ОН Бан Ки-мун.

Официјалното име на конференцијата за климата е Годишна конференција на државите од рамковната конвенција на ОН за климатски промени. Конвенцијата беше прифатена на средбата на врвот во Рио во 1992 година. Оттогаш секоја година државите по конвенцијата се собираат на различни места во светот за да разгледаат како се применува.

Конвенцијата стапи на сила во март 1994 година и сега има 196 членки. Скратено конференциите за климата на државите од конвенцијата се нарекуваат СОР што е од англиското – Conference od parties. Меѓу позначајните е конференцијата СОП3 во Кјото каде беше прифатен Протколот од Кјото за ограничување на емисиите на штетни гасови кој измина пред неколку години.

На последната СОР20 одржана во Лима лани, 15.000 делегати упатија Повик од Лима за акции за климата, документ што ги поставува основите на нов глобален договор за климата.

Меѓународната научна заедница од пред неколку години има согласност дека глобалното затоплуавње треба да се ограничи до покачување на температурите за два степена Целзиусови во споредба со оние од прединдустриската епоха за да се избегнат катастрофални последици.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...