Доналд Трамп бара ново гласање во Ајова по „измамата на Круз“

Вашингтон, 4 февруари 2016 (MIA) - Претендентот за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД Доналд Трамп побара ново гласање во Ајова, откако го обвини противкандидатот Тед Круз за „измама“.

Трамп обвинува дека дошло до тешка повреда на правилата при партиското гласање во оваа сојузна држава на САД, затоа што за време на гласањето, луѓе од изборниот штаб на Круз делеле памфлети во кои им се сугерирало на гласачите дека третиот кандидат Бен Карсон ќе се повлече од трката за номинација.

Таквото тврдење се покажа подоцна дека не е точно, откако со остар демант реагираше изборниот штаб на Карсон.

Луѓето околу Круз му се извинија на Карсон, бранејќи се дека настанало „недоразбирање“, но Трамп кој остана втор на првото партиско гласање, за годинешниве претседателски избори, зад победникот Тед Круз, тврди дека сенаторот од Тексас не победил во Ајова.



- Круз само ја украде победата. Тоа и објаснува зашто сите прогнози пред гласањето, не се остварија, како и зашто Круз освои повеќе гласови и поддржувачи, отколку што реално требаше да ги добие, изјави Трамп.

Њујоршкиот милијаредр кој од јуни постојано води на сите ранг листи кај републиканските гласачи, смета дека победата на Круз е резултат на „измамата“ и префрлањето на гласачите на Карсон кај тексашкиот сенатор.

Изборниот штаб на Тед Карсон ги отфрли ваквите обвинувања на Трамп.

Главниот раководител на гласањето во Ајова, Пол Пеит, меѓутоа, остро го осуди однесувањето на штабот на Круз и делењето памфлети со неточно тврдење за Бен Карсон.

Ваквото однесување беше означено како „насилство врз гласањето“, но Пеит не реагираше на барањето од Трамп за повторување на гласањето.

Во историјата на американките избори, досега немало случај да се повтори партиското гласање во Ајова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...