Видодо бара помош од верските лидери за дерадикализација на Исламот во Индонезија

Џакарта, 8 февруари 2016 (МИА) - Претседателот на Индонезија Јоко Видодо последниве денови оддржа повеќе средби со поглаварите на исламиските групи и од нив побара поактивно да се вклучат во спречувањето на потенцијалните терористички акции на радикалните групи кои се поотворено ги пропагираат идеите на групата Исламска држава во Индонезија.

Меѓу претежно муслиманското население во оваа 256 милионска држава во последниве пет години има чести појави на нетрпеливост меѓу доминантните сунити и помалку бројните шиити за што аналитичарите наоѓаат корени во „увезената идеологија’’ меѓу порано традиционално толерантните припадници на исламската религија.

Претседателот на Советот на најголемата исламска група Нахдлутул Улема Саид Акил по состанокот со Видодо изјави дека ќе го поддржи барањето на претседателот во молитвите да се објаснуваат штетите од радикалните исламски идеологии, како и опасноста што ја носи интензивната употреба на наркотици во Индонезија.

Акил препорача претседателот и неговите соработници почесто да се среќаваат со претставниците на верските групи.

Интензивирањето на кампањата за дерадикализација на Исламот во Индонезија особено се зајакна по терористичкиот напад во центарот на Џакарта, при што загинаа осум лица.

Покрај кампањата во џамиите, властите работат и на построги закони за антитероризам, бидејки досегашните често ги спречувале полицијата и разузнавачите да ги приведуваат луѓето за кои има сериозни сознанија дека пропагираат, или подготвуваат терористички напади или создавање на исламски калифати на тлото на Индонезија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...