Бомбата требало да биде во турски, а не во сомалискиот патнички авион

Могадишу, 8 февруари 2016 (МИА) - Мажот за кого постои основано сомнение дека минатата недела ја активира бомбата во сомалискиот патнички авион, првично имал намера да се качи во турски авион, информира претставник на авиокомпанијата „Дало ерлајнс“.

Инцидентот се случи пред шест дена, непосредно по полетувањето на авионот. По експлозијата, авионот успешно се приземји благодарение на присебноста на српскиот пилот Владимир Водопивец (64), пренесува Танјуг.

Француските медиуми наведуваат дека бомбашот  е патникот кој загина во инцидентот.

- Патниците требало да се качат во авион на „Туркиш ерлјанс“, изјави Мохамед Ибрахим Јасин Олад од компанијата „Дало ерлајнс“.

Бидејќи турскиот авион не се појавил на пистата, „Дало ерлајнс“ се согласил да ги превезе патниците до Џибути.

Претставници на сомалиската разузнавачка агенција, кои ја истражуваат експлозијата во авионот, вчера објавија снимка на која се гледа дека на еден од патниците му е даден лаптоп во кој наводно била скриена бомбата.

Националната разузнавачка и безбедносна агенција (НИСА) наведе дека снимка од безбедносната камера открива дека двајца мажи му го дале лаптопот на осомничениот бомбаш.

- Истрагата и натаму е во тек, а досега околу 15 лица се уапсени. Резултатите од прелиминарната истрага покажуваат дека бомбата била во лаптопот што го внел еден од патниците, изјави неименуван безбедносен претставник.

Сомалискиот министер за сообраќај и авијација, Али Ахмед Џамак, потврди дека експлозија на бомба била причината што авионот во вторникот мораше принудно да слета во Могадишу.

Според него, потврдено е дека дошло до експлозија на бомба во авионот и дека постоела намера сите во авионот да бидат убиени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...