Руските удари во Сирија се нешто добро

Женева, 9 февруари 2016 (МИА) – Поранешниот обвинител за воени злосторства Карла дел Понте, која сега е член на анкетна комисија на ОН за Сирија, ги поздрави руските воени удари врз „терористичките групи“ во таа држава.

– Сметам дека тоа што Русија се вклучи во нападите е нешто добро бидејќи најпосле некој ги напаѓа тие терористички групи – Исламска држава, Ан Нусра и дрги слични на нив, изјави таа за швајцарската телевизија Ет-Те-Ес.

Дел Понте додаде дека „Русите сега помалку прават разграничување меѓу терориститеи останатите, така што тоа сега веќе не е толку добро“.

Коментарот на дел Понте е во момент кога Русија е обвинувана од многу западни сили дека е одговорна за пропаѓање на преговорите кои минатата недела требаше да се одржат за да се стави крај на петте години војна во Сирија. Минатата година Москва почна со воздушни удари врз цели во Сирија по барање на сирискиот претседател Башар Асад.

Дел Понте смета сепак, дека Асад треба да учествува во мировните преговори.

– Ако сакаме да го прекинеме огнот таму. Ако сакаме мир, треба прво да преговараме со Владата, објасни таа давајќи пример со поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ.

– Милошевиќ веќе беше под истрага кога Американците во Дејтон преговараа со него и беше постигнат мир во 1995 година, истакна Дел понте.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...