Хаг, 9 февруари 2016 (МИА) - По речиси пет години од граѓанската војна над еден милиони Сиријци живеат во 46 градови под опасада, првенствено од сирискиот режим и неговите сојузници, соопштија денеска две невладини организации.
Холандската организација „Пакс“ и американскиот Сириски институт тврдат дека хуманитарната криза во земјата е многу потешка отколку што тврдат Обединети нации.
- Во 46 населени места, низа квартови и предградија на Дамаск, потоа во градовите Хомс, Деир ал Зур и во провинцијата Идлиб, 1.099.475 луѓе живеат во услови на целосна блокада. Поголемиот број од нив се под опасада на силите на режимот. Во сите населени места има недостиг на храна, електрична енергија и вода за пиење, се посочува во извештајот „Набљудување на блокадата“.
Според податоците на ОН речиси половина милион луѓе живеат под опсада, што е двојно помалку од новиот извештај.
- Владата во Дамаск систематски употребува стратегија „глад или капитулација“ во различни реони на Сирија.