Зголемена затворската казна за поранешниот премиер Ехуд Олмерт

Ерусалим, 10 февруари 2016 (МИА) - Израелскиот Виши суд му ја зголеми затворската казна на поранешниот премиер Ехуд Олмерт, осуден за примање поткуп во траење од 1,5 година, за уште еден месец.

Судот го одби барањето на Олмерт и неговите адвокати, за намалување на казната од шест месеци затвор, за попречување на правдата.

Олмерт беше премиер на Израел од 2006 до 2009 година и тој е првиот претседател на влада во оваа земја, што ќе оди на издржување на затворска казна, која ќе почне да трае од понеделник.

Во 2014 година, Олмерт (70) беше првично осуден на шест години затвор, за примање половина милион израелски шекели (129 илјади американски долари) поткуп, од еден градежник, во времето кога бил градоначалник на Ерусалим, за изграба на станбен комплекс.

Олмерт беше осуден и за примање на други 60 илјади шекели поткуп за уште еден сличен градежен проект.

Но Врховниот суд на Израел, во жалбена постапка го ослободи поранешниот премиер од обвинувањето за примени половина милион шекели, и го осуди на 18 месеци затвор.

Врховниот суд треба да одлучи и за казната од осум месеци затвор, на која е осуден Олмерт во друг судски процес, каде беше обвинет за „измама„ при прикривање на договор за илегална исплата, направен со еден американски бизнисмен.

Поранешниот премиер се брани дека не го прекршил законот и дека нема измама, но признава оти го терал својот поранешен секретар да не сведочи на суд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...