Од продажбата на конфискуваниот имот на експретседателот Бен Али во државната каса на Тунис влегле 450 милиони евра

Тунис, 10 февруари 2016 (МИА) - Од продажбата на конфискуваниот имот на поранешниот туниски  диктатор Зин ал Абидин бен Али од 2011 година досега во државната каса влегле приближно 450 милиони евра, информира министерот за финансии Слим Шакер, цитиран од француските медиуми.

Во месеците по избувнувањето на револуцијата новите туниски власти одзедоа компании, недвижен имот, луксузни автомобили и накит, што им припаѓале на Бен Али, неговата сопруга Лејла Трабелси, семејството и десетици нивни блиски, вклучувајќи и многу бизнисмени.

До овој момент е продаден само дел од овој имот, главно при распродажбата од крајот на 2012 година.

- Од 2011 година до сега сме продале имот за речиси 1,5 милијарда динари, а приближно милијарда (околу 450 милиони евра) влегоа во државната каса, додек останатите 500 милиони послужија за покривање на долговите, изјави Шакер пред новинарите.

Приходите влегоа во државниот буџет и на државата и дадоа можност да зема помал заем, забележа министерот.

- Тоа не е лесна задача, правиме се што е во нашите сили. Можам да Ве уверам дека во втората половина на 2015 година ги засиливме активностите за управување со конфискуваниот имот и со сите средства се грижиме да обезбедиме максимални упати во државната каса, објасни министерот.

Поранешниот претседател и неговата сопруга од јануари 2011 година живеат во прогонство во Саудиска Арабија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...