Силите на сириските Курди ги потиснаа исламистите во северна Сирија

Лондон, 11 февруари 2016 (МИА) - Силите на сириските Курди и нивните арапски сојузници минатата ноќ презедоа контрола врз воениот аеродром во Миниг во северна Сирија, што досега беше под контрола на исламистички антивладни групи.

Како што соопшти опозицискиот Сириски центар за мониторниг на човековите права со седиште во Лондон, здружените сили на курдските Единици за заштита на народот и на локалните арапски паравоени групи ги потиснале исламистичките борци од градот Миниг и презеле контрла врз блискиот воен аеродром, кој се наоѓа северно од Алепо, каде изминативе недели се водат жестоки борби меѓу сириските владини сили и бунтовниците.

Според Центарот, курдските сили го освоиле Миниг по жестоки неколкудневни борби со исламиситите, при што презеле контрола и врз повеќе села во регионот. 

Со загубата на Миниг, исламистите ја загубија контролата врз последата воена база во провинцијата Алепо.

Исламистите го презедоа воениот аеродром во Миниг во август 2013 година, откако од таму ги потиснаа сириските владини сили.

Центарот посочува дека бунтовничките сили во провинцијата Алепо се изложени на двоен притисок, од курдските сили од запад и од владините трупи кои напредуваат северно од градот Алепо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...