Повеќе од 100 училишта во Индија затворени поради страв од напади на леопарди

Њу Делхи, 11 февруари 2016 (МИА) - Вкупно 129 училишта, меѓу кои и 53 државни, се затворени во индискиот град Бангалоре, поради страв од можни напади на леопарди.

Одлуката на властите е донесена откако едно вакво диво животно е забележано вчера доцна попладне од граджните работници кои работат на периферијата од градот.

Властите ги предупредија жителите да останат во своите домови, додека полицијата и припадници на шумската патрола се обидуваат да го откријат леопардот.

Во неделата, цели десет часа траеше „битката“ на полицијата и шумските чувари за заробување на еден друг заскитан леопард, кој влезе во училиште во Бангалоре, повредувајќи шест лица.

Меѓу повредените беа еден ветеринар, еден од шумските чувари, како и телевизиски камерман кој известуваше за случувањата во училиштето.

- Засега нема одлука дали ќе дозволиме училиштата да работат во текот на утрешниот ден. Тоа ќе зависи од она што ќе се случи со овој втор леопард кој во рок од само неколку дена влегува во градот. изјавил за локалните медиуми претставникот на Владата во Бангалоре, Сатиамурти.

Експертите засега немаат објаснување зашто леопардите се почесто навлегуваат во населени места и градови, кои се на работ од големите шумски комплекси каде живеат дивите животни.

Шумските чувари предупредуваат дека леопардите и другите диви животни се почесто ќе „заскитуваат“ во градовите, доколку продолжи неконтролираното градење со кои се зема земјиште од шумите и од животинскиот свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...