Саудиска Арабија: Наставник уби шест колеги, двајца повредениРијад, 11 февруари 2016 (МИА) - Наставник од Саудиска Арабија уби денеска на југот на земјата најмалку шест колеги и повреди двајца, јави државната саудиска тв станица.
Засега не е јасно зошто наставникот пукал, а медиумите наведуваат дека се се случило во зградата каде е сместено одделението за образование во јужната провинција Јазан.
Неименувани полициски извори наведоа дека напаѓачот е притворен.
|