Кери и Лавров ја отворија конференцијата за Сирија

Минхен, 11 февруари 2016 (МИА) - Американскиот државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја отворија конференцијата за Сирија во Минхен, која има за цел повторно покренување на мировниот процес во земјата.

Русија предложи примирје од 1. март, а Вашингтон оцени дека тоа на Москва и на сириската Влада ќе им даде уште три недели да ги уништат умерените бунтовнички групи. САД предложија примирјето веднаш да стапи во сила.

Пред состанокот Кери одби да шпекулира дали е можно да се постигне договор.

- Ќе имаме сериозен разговор за сите аспекти за тоа што се случува во Сирија. Очигледно сакаме во еден момент да постигнеме напредок во доставувањето на хуманитарна помош и прекин на огнот, посочи Кери.

Лавров потенцира дека Русија поднела „прилично конкретен предлог“ и оти ќе чека на одговор од САД, а потоа предлогот ќе го изнесе пред Меѓународната група за поддршка на Сирија, која ќе има средба во текот на денот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...