Три жртви на вирусот зика во ВенецуелаКаракас, 12 февруари 2016 (МИА) – Венецуела соопшти дека три лица починале од компликации предизвикани од вирусот зика. Тоа се први смртни случаи во државата поврзани со тој вид вирус што го пренесуваат комарци.
- Шеесет и осум други луѓе се хоспитализирани поради тој вид вирус, изјави претседателот на државата Николас Мадуро.
Од новември властите во Венецуела соопштија за повеќе до 5.000 случаи на заразени со вирусот зика, но според локални здравствени организации реалниот број веројатно е многу поголем.
|