Поглаварот на Руската православна црква пристигна во посета на Куба

Хавана, 12 февруари 2016 (МИА) - Поглаварот на Руската православна црква, патријархот московски и серуски  Кирил, пристигна во Хавана во неколкудневна посета на Куба.



На аеродромот во кубанскиот главен град, рускиот патријарх беше пречекан од претседтелот на Куба, Раул Кастро и други виски кубански функционерии.

Патријархот Кирил во кусата изјава дадена на аеродромот рече дека ова не е негова прва посета на Куба.

Засега не е познато какви активности ќе има Кирил во Куба, чие население и припаѓа на католичката вероисповест, иако во изминатите 50 години од комунизмот властите форсираа атеизам.

Најзначајниот дел од неговата посета на островот ќе се случи денеска, кога рускиот патријарх ќе се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кој кусо ќе се задржи во Хавана, на својот пат кон Мексико.

Средбата меѓу папата и рускиот патријарх има историско значење, затоа што тоа ќе биде прва средба на еден римоки понтиф со поглавар на Руската црква  од поделбата на Хриситјанството од пред 962 години

Средбата ќе се одржи на хаванскиот аеродром „Хозе Марти“, по што е предвидено двајцата црковни великодостојници да потпишат заедничка декларација.

Не се очекуваат никакви спектакуларни резултати од средбата, но се смета за значајно тоа што таа претставува јасен сигнал дека непризнавањето и студенилото во изминатите безмалку илјада години, ќе биде заменето со затоплување на односите и со сосема нови гледања на РПЦ, како најголема праволсана црква, кон Ватикан.

Странски набљудувачи во Хавана оценуваат дека „историската средба“ сигурно е договорена со благослов и со потик од Кремљ и од рускиот претседател Владимир Путин кој неколкупати го има посетено Ватикан.

Ниту еден папа досега не бил во посета на Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...