Околу 6,5 илјади џихадисти кои бегаат од Сирија се кријат во Либија

Мадрид, 12 февруари 2016 (МИА) - Од три до 6,5 илјади борци на терористичката групација Исламска држава се кријат на територијата на Либија, изјави специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации во Либија Мартин Коблер. 

Тој ги објави податоците за време на средбата во Мадрид со в.д. министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Набуел Гарсија Маргаљо. 

Според претставникот на меѓународната организација „ситуацијата во Либија е мошне блиску до хаотична“.

Коблер нагласи дека борбата со ИД во Сирија ги принудува терористите да бегаат во Либија.

- Колку е поголем притисокот врз ИД во Сирија, толку повеќе џихадисти бегаат во Либија, рече тој и ги повика либиските политичари да ги извршат своите обврски за формирање на влада на национално единство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...